Србија
По слетувањето во Баку, Вучиќ го продолжил летот кон Москва
07.05.2025 15:27
Српскиот претседател Александар Вучиќ го продолжил патот кон Москва за да присуствува на прославата на Денот на победата откако екипажот на неговиот авион добил дозвола да го продолжи летот од Баку...

Српскиот претседател Александар Вучиќ го продолжил патот кон Москва за да присуствува на прославата на Денот на победата откако екипажот на неговиот авион добил дозвола да го продолжи летот од Баку.
Претходно, авионот со кој Вучиќ се упатил кон Русија слетал во Азербејџан поради немањето дозвола да го продолжи патувањето од безбедносни причини.
Во изминатите неколку денови, аеродромите во неколку руски градови беа затворени поради напади од украински беспилотни летала.
