Кривичен суд
Оформен предмет за „Адитив“
07.05.2025 16:30
Оттаму посочуваат дека согласно одобрениот обвинителен акт, оформен е кривично – правен предмет и преку АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија...

Обвинителниот акт за предметот „Адитив“ одобрен во целост од Советот за оценка при скопскиот Кривичен суд. Оттаму посочуваат дека согласно одобрениот обвинителен акт, оформен е кривично – правен предмет и преку АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија.
Терминот ќе биде достапен преку календарот на судење на веб-страната на судот. Кривичниот предмет опфаќа 31 физичко и пет правни лица.
Преку тендери за набавка на адитиви, осомничените го оштетиле Буџетот за 6,5 милиони евра.
