Политика

СДСМ обвинува за корупциски скандал при изгласување на деталниот урбанистички план во Куманово

07.05.2025 17:30

Советничката група на СДСМ од Куманово го обвинува градоначалникот Димитриевски за корупција при носење на деталниот урбанистички план. Од ЗНАМ им одговорија …

СДСМ го обвинува градоначалникот на Куманово дека со помош на ДУИ го изменил урбанистичкиот план на просторот кај поранешен Чик, каде треба да се гради ЛИДЛ со цел да се збогатат членови од потесното семејство на Димитриевски. Според опозиционерите, првиот човек на Куманово имал доброосмислена шема за лично богатење, преку продажба на државно земјиште во индустриската зона Речица, каде купувач е ЛИДЛ.

Од ЗНАМ демантираат и велат дека нема ништо скриено и се е согласно законот. ЛИДЛ е капитална инвестиција со која гордо се сликаше поранешната влада, а сега истата партија станува кочничар на економскиот развој, обвинува партијата на Максим Димитриевски.

СДСМ го повика Јавното обвинителство да отвори предмет, ЗНАМ велат - социјалдемократите отвораат стари теми за да ја дефокусираат јавноста од нивните корупциски скандали.

Викторија Милевска