Во Струга традиционална литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“
Вековната традиција е жива. Со Божествена Ѓурѓовденската литија, Струга го одбележува патронот, Великомаченик Ѓорѓи Победоносец...

Со торженствена Ѓурѓовденската литија Струга се поклони на патронот Светиот Великомаченик Ѓорѓи. Илјадници верници и свештеници, монаштвото од Бигорскиот манастир и сестринствата со чудотворните мошти на светителот го осветија градот на мостовите.
Верниците почит му оддаваа стоејќи на двете страни на улиците и поздравувајќи ги моштите со фрлање цвеќе.
„Литијата ја карактеризира присуството на светите мошти на Свети Георигиј од манастирот во Рајчица, неговата чудотворна икона од истоимениот храм во Струга, но годинава за првпат присуството и благословот нан Пресвета Богородица Гликофилуса. Тоа е една икон а, која потекнува од Света Гора, а неодамна верна изобразба беше донесена во Бигорската света обител“, изјави Архимандрит Кирил од Бигорскиот манастир.
Глетката величествена. Покрај биењето на камбаните, пеењето на свештениците беше пропратено со хор и оркестар. Стружани од најмладо до најстаро, велат овие денови за нив се посебни.
„Не само за мене туку и за секој стружанец овој празник претставува нешто навистина возвишено. Огромна е честа да се биде дел од овој торжествен настан, а да се носат моштите на Великомаченикот“.
„За мене и за стружани овој настан е особена радост“.
„Ова е нешто величествено. Свети Георгиј и оваа година ги собра сите луѓе од Македонија а можам да кажам и пошироко. Да му благодариме на Победоносецот што секоја година сме побројни“.
Литијата е одлика на долгата струшка православна традиција. Овој величествен духовен настан, денес една од најголемите литии на Балканот, се негувала два векови, а е возобновена последниве шеснаесет години.
Соња Рилковска
