Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди
08.05.2025 08:09
Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец...

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
