Култура
Министерот Љутков на отворање на Саем на книгата 2025
08.05.2025 08:12
Под мотото „Храна за душа“, Саемот на книгата во Скопје ќе се одржи од 8 до 14 мај по 37-ми пат...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе присуствува и ќе се обрати на отворањето на Саемот на книгата 2025. Под мотото „Храна за душа“, Саемот на книгата во Скопје ќе се одржи од 8 до 14 мај по 37-ми пат.
Во седум дена посетителите ќе можат да ги посетат штандовите со книги од домашни и странски автори од над 65 издавачи од земјава и од странство.
