Варшава

Муцунски на средба со шефовите на дипломатиите на членките и кандидатите за членство во ЕУ

08.05.2025 08:13

Тимчо Муцунски, денеска е во Варшава каде што ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска е во Варшава каде што ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство.

Учеството на министерот Муцунски, велат од министерството, се остварува на покана од полскиот министер за надворешни Радослав Сикорски, во рамките на полското претседателство со Советот на Европската унија. Дискусиите ќе бидат фокусирани на актуелните предизвици во европската надворешна и безбедносна политика, со посебен акцент на градењето отпорност кон хибридните закани, велат од МНР.

Во рамките на престојот во Полска, министерот Муцунски ќе ја посети меморијалната поставка во Треблинка и ќе положи цвеќиња на спомен-обележјето на депортираните македонски Евреи.