Автобусите кои се судрија кај Демир Хисар превезувале работници, повредени се над 20 лица
Во судирот на два автобуси кој што се случи околу 16 часот на магистралниот пат Битола- Демир Хисар на местото Бели мост, кај селото Лисолај, има повеќе повредени околу 20 патници, на кои веднаш им е укажана лекарска помош.
Според СВР Битола, едниот автобус бил со битолски, а другиот со крушевски регистраски ознаки. Битолскиот автобус се превртел по сударот во реката во близина.
Екипи на полицијата вршат увид на местото на настанот и сообраќајот е пренасочен.