Скопје
Без вода дел од ГОБ „Св. Наум Охридски“ и потегот од Собрание до „Холидеј Ин“
08.05.2025 08:34
Причина за прекинот на водоснабдувањето е уличен дефект од ф150 милиметри на улицата „Филип Втори“ бб, пред х. „Холидеј Ин“...

Регионалниот центар за управување со кризи, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација информира дека денеска од 09:00 часот без вода ќе бидат дел од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и дел од корисниците на улиците „Филип Втори“ (потегот од Собрание на РСМ до х. „Холидеј Ин“), „Кеј 13 ноември“, „Мирче Мацан“ и „Мирче Ацев“.
Причина за прекинот на водоснабдувањето е уличен дефект од ф150 милиметри на улицата „Филип Втори“ бб, пред х. „Холидеј Ин“.
Вода нема да има до завршување на предвидениот зафат, информираат од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.
