Блиски Исток

Нетанјаху: Со сигурност знаеме дека има 21 жив заложник

08.05.2025 08:35

Бомбардиран аеродромот во Сана кој е под контрола на Хутите како одговор на неодамнешните рекетирања врз Израел...

Блискиот Исток гори. Израел продолжува со одмаздничките напади во Јемен. Бомбардиран аеродромот во Сана кој е под контрола на Хутите како одговор на неодамнешните рекетирања врз Израел. Интензивирани и нападите во Газа во пресрет на проширената офанзива најавена од Нетанјаху. Тој потврди дека 21 заложник што ги држи Хамас се живи, додека за останатите тројца судбината е неизвесна.

„Со сигурност знаеме дека има 21 жив заложник. Нема сомнежи за тоа. Но, за жал има уште тројца за кои постои сомнеж дали се живи. Не се откажуваме од никого, и сакаме да ги вратиме сите дома“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Европските министри за надворешни, го повикаа блокот да се спротивстави на израелските планови за преземање на контролата врз Газа додека хуманитарната катастрофа во енклавата се продлабочува.