Индија тврди дека цел биле единствено терористите
Ќе се одмаздиме за секоја капка крв-изјави пакистанскиот премиер Шариф обраќајќи и се на нацијата по нападите од Индија обвинувајќи ја за почнување пекол...

Ќе се одмаздиме за секоја капка крв-изјави пакистанскиот премиер Шариф обраќајќи и се на нацијата по нападите од Индија обвинувајќи ја за почнување пекол.
„Подготвени сме да се бориме до последната капка крв за честа и одбраната на нашата татковина и за овие жртви“, изјави Шахбаз Шариф, премиер на Пакистан.
Индија пак вели-цел беа единствено терористите кои убија невини луѓе во Кашмир, додавајќи дека земјата создала нова историја со операцијата против Пакистан.
„Индиските сили создадоа нова историја покажувајќи ја својата храброст и храброст. Армијата дејствуваше прецизно, будно и чувствително. Не дозволивме ниту едно цивилно население да биде засегнато“, изјави Раџнат Сингх, министер за одбрана на Индија.
Светот со засилени повици за воздржаност и деескалација на тензиите во регионот.
