Црн чад-првото гласање без избор на нов папа
Ватикан не доби нов папа по првото гласање на конклавата. Верниците со нетрпение го исчекуваа задоцнетиот одговор кој дојде час и половина по најавеното...

Црн чад се издигна од оџакот над Сикстинската капела. Ватикан не доби нов папа по првото гласање на конклавата. Верниците со нетрпение го исчекуваа задоцнетиот одговор кој дојде час и половина по најавеното.
„Чекавме нешто од пред 19 часот, како што најавија. Мислевме дека чадот ќе се појави малку порано, па чекавме со нетрпение и големо исчекување. Накратко, во нашите срца се понадевавме на бел чад со оглед на доцнењето, иако очекувано тој не се појави на првото гласање“, изјави Дебора Руфало, италијанска верничка.
„Претпоставувам дека гласањето траеше подолго бидејќи имавме повеќе кардинали отколку минатиот пат 133-ца, што е 20 насто повеќе од претходно, или можеби проповедникот зборувал без престан, како што понекогаш прават. Но, во секој случај, конечно добивме црн чад“, изјави Пречесен Том Рис, аналитичар во Релиџн њуз сервис.
Конклавата за 267-миот понтиф на Римокатоличката црква продолжува во наредните денови со гласање во два круга-еден наутро и еден попладне се до белиот чад кој го означува изборот на новиот папа.
