Ден на Европа

„Европа низ детските очи“ викендов во Градскиот парк во Скопје

08.05.2025 09:08

Настанот е во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, и претставува едукативно-забавен перформанс посветен на децата, со пораки за пријателство, заедништво и европски вредности...

По повод Денот на Европа, на Школка, во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи настанот „Европа низ детските очи“. Овој настан, ќе се одржи в сабота, 10 мај 2025 година, со почеток во 11 часот.

Настанот е во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, и претставува едукативно-забавен перформанс посветен на децата, со пораки за пријателство, заедништво и европски вредности.

Централната програма ќе опфати: Изведба на македонската химна и химната на ЕУ од детскиот хор „Златно славејче“; Интерактивна театарска претстава на тема „Патување низ земјите на ЕУ“; Ди-џеј сет; Детски караоке перформанс; Зумба и танцување за деца (и за родители).

Во паралелната зона ќе бидат организирани едукативни пунктови:

Мали сликари: „Европа низ моите бои“

Квиз-зона: „Колку знаеш за Европа?“

Креативна работилница: Направи си од пластелин свој европски сувенир

Настанот е наменет за деца од училишна и предучилишна возраст, а ќе биде збогатен со аниматори, реквизити и симболични награди, создавајќи вистинска европска атмосфера во срцето на градот.

Ве молиме да ја информирате јавноста за нашиот едукативно-забавен настан „Европа низ детските очи“ во чест на Денот на Европа. Вашето присуство и медиумско покривање ќе придонесе за уште поголема видливост на оваа детска прослава на европските вредности.