Филхармонија

„Дамар на слободата“ со пијанистите Грговска и Бафтијари во Филхармонија

08.05.2025 10:52

На програмата се „Свечена увертира“ од Дмитри Шостакович, Концертот за две пијана и оркестар во де-мол од Франсис Пуланк и „Енигма варијации“ од Едвард Елгар...

„Дамар на слободата“ е насловен концертот што ќе се одржи вечер во Македонската филхармонија на кој како солисти ќе настапат двајца македонски пијанисти – Анастасија Грговска и Шкељзен Бафтијари.

На програмата се „Свечена увертира“ од Дмитри Шостакович, Концертот за две пијана и оркестар во де-мол од Франсис Пуланк и „Енигма варијации“ од Едвард Елгар.

Концертот ќе го води маестро Конрад ван Алфен од Холандија.