Македонија

Муртезани: Реформите се постојана обврска заснована на докази, транспарентност и јавна доверба

08.05.2025 21:27

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денес се обрати на онлајн промотивен настан за проектот „Следење реформи и раст во Западен Балкан“, во организација на Институтот за европска политика, а кој претставува платформа за регионална размена на искуства и добри практики во следењето и оценувањето на реформите, со учество на претставници од институциите, граѓанското општество и меѓународните партнери.

Во своето обраќање, министерот Муртезани ја нагласи важноста на структурираните и транспарентни механизми за следење на реформите, како клучни алатки за ефективно управување со реформските процеси и зајакнување на јавната доверба. Тој истакна дека Реформската агенда 2024 – 2027 година претставува национално управувана трансформациска платформа што ја вградува европската агенда во институционалните политики, при што се заснова на пет стратешки столба: владеење на правото, зелена транзиција, дигитална трансформација, човечки капитал и добро управување. Министерот подвлече дека реформите мора да бидат резултатски ориентирани, континуирано следени и отворени за корекции, за да ја одразат реалната динамика и очекувањата на граѓаните и партнерите.