Македонија

Недостиг на работна сила и одлив на кадар, проблем со кој се соочува и државата и бизнисите

08.05.2025 12:34

На берзата на трудот активно бараат работа над 100.000 невработени, а има уште над 260.000 лица кои не се евидентирани во биротоод друга страна, на македонскиот пазар недостигаат нискоквалификувани работници, како и профили со високо образование, особено од техничките факултети...

Во компаниите со странски капитал на македонскиот пазар недостигаат нискоквалификувани работници, како и профили со високо образование особено од техничките факултети. На берзата на трудот активно бараат работа над 100.000 невработени, а има уште над 260.000 лица кои не се евидентирани во бирото. На активните огласи се барат над 10.000 лица, а се пријавуваат за работа и оние на кои им е потребна дополнителна обука за доквалификации и преквалификација.

Според бизнис-асоцијациите, за да се привлече работната сила, не е повеќе пречка само висината на платата, туку припадноста кон компанијата и балансот меѓу професионалниот и приватниот живот.

За спречување на одлив на мозоците треба да се анализира и работната култура и потребите и очекувањата од работното место на помладите генерации кои се на пазарот на трудот за полесно да се приспособат на деловните услови на компаниите.

Игор Панов