Успешен ден за македонските шахисти
Во 10-тото коло на шаховската олимпијада победи славеа двете македонски селекции.
Со 5 победи, 1 реми и три порази и вкупно 11 поени нашите шахисти од 53-тото место во конкуренција на 150 репрезентации влегоа во денешното 10 коло на шаховската олимпијада во Тромсо Норвешка.
Против селекцијата на Данска славеа победа со 2,5-1,5. Три партии завршија реми, а цел поен освои Панчевски во дуелот со велемајсторот Расмунсен.
Трајко Недев-Давор Пало реми

Филип Панчевски-Алан Расмунсен 1-0
Никола Митков-Јакоб Агарт реми
Влатко Богдановски-Мадс Андерсен реми
Македонските шахистки досега забележаа 3 победи, 1 реми и 5 порази и од 96-тата позиција во поредокот на 136 селекции и се очекува да го подобрат пласманот по убедливата победа над Ангола со 3,5-0,5.Коскоска,Николовска и Манова освоија цел поен , а само Беатовиќ ремизира на втората табла.
Габриела Коскоска-Есперанса 1-0
Бојана Беатовиќ-Домингос реми
Драгана Николовска-Жоао 1-0
Ивана Манова-Пирес 1-0