Македонија

Над 65 издавачи и 110 промоции на Саемот на книга

08.05.2025 13:37

Посетителите на Саемот ќе добијат можност да се запознаат со македонски и странски автори, да ја разгледаат богатата понуда на книги, енциклопедии, збирки и прирачници, како и да слушнат нешто повеќе за актуелната состојба на пишаниот збор...

„Храна за душа“-ова е мотото на годинашното издание на Саемот за книга, кој се отвора денеска и ќе трае до 14-ти мај.

Посетителите на Саемот ќе добијат можност да се запознаат со македонски и странски автори, да ја разгледаат богатата понуда на книги, енциклопедии, збирки и прирачници, како и да слушнат нешто повеќе за актуелната состојба на пишаниот збор преку панел-дискусиите со значајни имиња од оваа област. Годинава национално претставување има и Србија преку нивното Министерство за култура.

Саемот ќе биде отворен од 10 до 20 часот, освен на последниот ден, кога ќе биде отворен до 18 часот. Цените на влезниците се исти како и минатата година: редовна влезница – 100 денари, влезница за организирани посети на ученици – 50 денари/по ученик, влезница за три посети на саемот – 250 денари.

Известува Александра Велинова