Битолска библиотека
Осум децении во служба на читателите
08.05.2025 13:40
Неколку месеци по првата библиотека во Скопје, била основана и НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола, која годинава одбележа јубилеј-80 години од нејзиното постоење...

Неколку месеци по првата библиотека во Скопје, била основана и НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола, која годинава одбележа јубилеј-80 години од нејзиното постоење. Низ годините често била преименувана, а денешниот назив го носи од 1980 година. Но, сепак ја задржала својата основна дејност и со активностите кои ги презема, се обидува да ги задржи старите, но и да привлече нови читатели. Александра Максимовска разговара со м-р Емилија Стефановска Давкова, директорка на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола.
