Супер купот за Реал Мадрид
Стрелец на двата гола беше Кристијано Роналдо, првиот по асистенција на Бејл во 30 минута, а вториот во 49 – та по проигрувањето од Бензема...

Нов триумф на фудбалерите на Реал Мадрид кои го освоија Супер купот на УЕФА, по победата над Севиља со 2 : 0. Стрелец на двата гола беше Кристијано Роналдо, првиот по асистенција на Бејл во 30 минута, а вториот во 49 – та по проигрувањето од Бензема. Европскиот шампион доминираше во мечот на Кардиф Сити стадионот, во кој победникот на Европа лигата испушти две шанси во првиот дел преку Витоло и Карико, кога на двапати Касиљас ја спаси својата мрежа.
Во вториот дел Реал имаше можност за поубедлива победа, но голманот на Севиља Бето успешно интервенира по ударите на Роналдо, Бензема и Хамес Родригез. Тоа е рекорден 12 освоен Супер куп за шпанските клубови, а втор во витрините за кралскиот клуб, по оној во 2002 година. На вечната листа најуспешен е Милан со 5 трофеи, пред Барселона со 4 и Ливерпул со 3 Супер купа на УЕФА.
