Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“
На Дурмиш Белули, сопственикот на „Дурмо турс“, Апелација му изрече 10 години затвор, првично доби казна од 4 години. Одговорниот за транспорт, Ремзи Мифтари доби иста таква 10-годишна затворска казна, а во прв степен му беше изречена 6-годишна.

Скопска апелација ја прифати жалбата на Обвинителството и на дел од осудените за трагедијата во Ласкарци од пред шест години им ги зголеми казните. На Дурмиш Белули, сопственикот на „Дурмо турс“, Апелација му изрече 10 години затвор, првично доби казна од 4 години. Одговорниот за транспорт, Ремзи Мифтари доби иста таква 10-годишна затворска казна, а во прв степен му беше изречена 6-годишна.
На возачот Маноил Трифуноски му е потврдена казната затвор од 14 години, а во казната ќе му биде пресметан и домашниот притвор.
На вработените во станицата за технички преглед, затворската казна им е зголемена од 5 на 7 години. Еден само останува на првостепената казна од 5 години затвор.
Роднините на загинатите и повредените се упатени на барање отштета во парница пред Граѓанскиот суд.
Несреќата се случи на 13-ти февруари кога автобус на „Дурмо“ излета од горната лента на автопатот Скопје-Тетово, ја пресече лентата во спротивен правец и се преврте од неколку метри височина во непосредна близина на влезот во Ласкарци.
Судењето почна во втората половина на 2019-та, а пресудата ја помина Апелација до правосилност после 5 ипол години судење.
