Откупот на пченицата отежнат
Привршува жетвата на пченицата. Повеќе од 70 проценти од површините се ожнеани, но откупт е отежнат. Земјоделците не се задоволни од цените, а мелничарите од квалитетот. Сепак и покрај несогласувањата досега се откупени за 6 проценти повеќе пченица од истиот период лани...
Кавлитетот и квантитетот на пченицата е подобар од лани, но не колку што се очекуваше, оценуваат експертите.
Болестите во некои региони уништија дел од родот, освен во Пелагонија каде што има повисоки приноси. Земјоделците велат дека големите производители ќе ожнеат и до 6 тона од хектар.
Мелничарите пак, укажуваат дека за квалитетно брашно, македонската пченица мора да се меша со увозната чија цена е најниска во екот на жетвата и која сега се купува.
Годинава со пченица се засеани скоро 100.000 хектари и се очекува производство од 300 до 350.000 тони. Просечните приноси според проценките ќе се движат од 3 до 3,5 тони по хектар.
Методија Трајков