Битола

Библиотеките остануваат дом на книгата

08.05.2025 17:39

Неколку месеци по првата библиотека во Скопје, била основана и НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола, која годинава одбележа јубилеј-80 години од нејзиното постоење. Низ годините често била преименувана, а денешниот назив го носи од 1980 година. Не сепак ја задржала својата основна дејност и со активностите кои ги презема, се обидува да ги задржи старите, но и да привлече нови читатели.

На 25 март 1945 година со решение на градскиот народен одбор, под името „Градска народна библиотека“. Била основана првата библиотека во Битола. Честопати преименувана и преместувана на повеќе локации, денес, во срцето на градот, позната како – националната установа универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола, поседува огромен број стари книжни богатства и пречекува и испраќа голем број читатели.

На почетокот библиотеката работела само со два службеника и еден прислужник, потоа бројот на вработени се зголемувал. Податоците говорат дека во тоа време библиотеката започнала со книжен фонд од само 300 книги, а повеќето од нив биле на бугарски јазик. Дел од нив и денес можат да се најдат во библиотечната музејска поставка која е единствена во Македонија.

Илче Стојановски е еден од постарите пензионирани библиотекари, започнал со работа во 1996, во реонските библиотеки. Раскажува за тоа како настанала музејската поставка, во која има стари и ретки книги на странски јазици од 1897-1945, периодични публикации и раритетни книги, како и две стари печатарски машини – живи сведоци на времето.

Оваа библиотека е една од најстарите културни установи во земјава. Составена од два функционално поврзани објекти кои претставуваат неразделна целина на околу 3.000 м квадратни корисна површина, со тенденција за надоградба. Бројот на членови со тек на годините се намалил за 30 процени, и моментално регистрирани се седум илјади активни читатели кои можат да ги користат двете нови читалници како и дневната соба. Со цел подобрување на условите за чување и издавање на делата, моментално се работи на нов проект за реконструкција кров на стариот дел и магацинските простории.

Оваа библиотека е една од најстарите културни установи во земјава со оглед на тоа дека во библиотеката најчести посетители се малите деца и пензионерите, а го носи името Универзитетска библиотека, се работи на збогатување на книжниот фонд со научна и стручна литература, која ќе привлече поголем број студенти и средношколци.

 

Александра Максимовска