Избран е нов папа
Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно новиот, 267-ми поглавар на Католичката црква...

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела попладнево, што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно новиот, 267-ми поглавар на Католичката црква. По појавата на чадот, следеше ерупција од радост од посетителите, кои сега се во исчекување да го дознаат името на новиот поглавар на Католичката црква.
Папата наскоро треба да оди во „собата на солзите“, мала соба до Систинската капела, каде што ќе ги облече папските мантии и ќе се подготви да излезе на балконот од базиликата „Свети Петар“.
Таму, кардиналот протоѓакон Доминик Мамберти ќе го објави своето име со традиционалната прогласка „Хабемус папам“ (Имаме папа).
