МВР

Пукање во центарот на Штип, едно лице е повредено

08.05.2025 22:44

Во центарот на Штип, вечерва имало пукање, во угостителски објект лоциран на плоштадот...

Во центарот на Штип, вечерва имало пукање, во угостителски објект лоциран на плоштадот. А едно лице се бори за живот. Според првичните информации, едното лице имало нож со себе, а другото пиштол. Целата драма се случувала пред очевидци, местото е веќе оградено, има и полиција, а тешко повредениот со Брза помош е префрлен во болница.

„Вечерва околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот“, велат од МВР.