Македонија

Една деценија од вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“

09.05.2025 08:58

Една деценија од вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“, во која загинаа осум припадници на безбедносните сили, кои посмртно се одликувани со медали за храброст...

Денеска се навршува една деценија од вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“, во која загинаа осум припадници на безбедносните сили, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Во антитерористичката акција имаше и 37 повредени припадници на безбедносните сили.

Во чест на загинатите, во кругот на СВР-Куманово беше откриена спомен-плоча. Полицајците кои го положија животот во „Диво Насеље“ добија и мурал-„хероите живеат вечно“, во централното подрачје на Куманово!