Жолта фаза во Охридско- преспанскиот и Полошкиот регион

13.08.2014 10:13

Овие температури ќе потраат до крајот на неделава. Утре жителите на главниот град ќе почуствуваат температури од околу 40 степени...

Денеска жолта, предупредувачка фаза во земјава. Погодени од топлотниот ќе бидат Охридско- преспанскиот и Полошкиот регион, поточно Охрид, Струга, Дебар и Ресен, Тетово, Гостивар, Кичево, Маврово и Македонски Брод.

Овие температури ќе потраат до крајот на неделава. Утре жителите на главниот град ќе почуствуваат температури од околу 40 степени.

Им се препорачува на граѓаните во случај на сончаница или нарушено здравје да побараат совети од соодветните едукативно здравствени пунктови во земјава.

Министерството за здравство соопшти дека граѓаните од овие региони, како и останатите граѓани треба да ги почитуваат општите препораки за населението за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумација на лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.