Ватикан

Светските лидери му честитаа на новиот папа

09.05.2025 08:11

Неговата Светост е првиот папа, Американец. Новиот понтиф е назначен во услови на длабоки внатрешни поделби во католичката црква, глобални конфликти и климатска криза...

Светските лидери му честитаа на новоизбраниот папа, Лео 14. Неговата Светост е првиот папа, Американец.

„За нашата земја е голема чест да имаме американски папа. Мислам, каква поголема чест може да имаме. Бевме изненадени и многу среќни“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

„Се надевам дека неговиот мандат на тронот на апостол Петар ќе биде долг и дека ќе отвориме нова страница, нова ера во нашите билатерални односи и, повторувам, во односите меѓу Истокот и Западот, за доброто на целото човештво“, изјави вселенскиот патријарх, Вартоломеј I.

Новиот понтиф е назначен во услови на длабоки внатрешни поделби во католичката црква, глобални конфликти и климатска криза. Се очекува новиот папа уште во првите денови да го покаже правецот на својот понтификат преку јасна визија, дипломатски ангажман и најави за реформи.