Русија

Парада на Денот на победата во Москва

09.05.2025 09:12

80 години од Денот на победата во Европа се одбележува со паради и настани. Очите на светската јавност се вперени кон Москва и Киев. Рускиот претседател Путин собра дваесетина шефови на држави и влади...

80 години од Денот на победата во Европа се одбележува со паради и настани. Очите на светската јавност се вперени кон Москва и Киев.

Рускиот претседател Путин собра дваесетина шефови на држави и влади. Присуствуваат бројни светски лидери, меѓу кои и кинескиот претседател, претседателите на Венецуела, на Бразил, претседателот на Србија, премиерот на Словачка.

За време на вечерата во чест на странските делегации, шефот на Кремљ рече дека 9-ти мај е свет датум за Русија, нагласувајќи ја клучната улога на СССР во победата и посветеноста на Москва за поправеден светски поредок и еднаква безбедност за сите.

Со дефиле на Црвениот плоштад денеска ќе биде прикажана способноста на армијата и најновото оружје. Украинските сили тврдат дека Москва не го почитува сопствениот прекин на огнот и дека борбите продолжиле.