Индија - Пакистан

Продолжуваат судирите на индиско-пакистанската граница, САД повикуваат на итна деескалација

09.05.2025 09:54

Судирите на индиско-пакистанската граница продолжуваат. САД поддршката за директен дијалог меѓу Индија и Пакистан...

Судирите на индиско-пакистанската граница продолжуваат. Тензиите меѓу двете земји се зголемија откако неодамна беа убиени 26 индиски туристи во Кашмир. САД повикуваат на дијалог и итна деескалација.

„Секретарот Рубио разговараше со пакистанскиот премиер Шариф и индискиот министер за надворешни работи Џаишанкар. Во двата разговори, секретарот ја нагласи потребата од итна деескалација и повика на прекин на насилството. Тој ја изрази поддршката на САД за директен дијалог меѓу Индија и Пакистан и ги охрабри континуираните напори за подобрување на комуникациите“, изјави Тами Брус, портпаролка на Стејт департментот.

Во регионот Кашмир расте загриженоста за можна нова војна. По индиските ракетни напади во кои беа убиени многумина, пакистанскиот премиер најави решителен одговор.