Денеска ќе биде пуштен во употреба патот до „Св. Јован Бигорски“

13.08.2014 10:28

Патот е асфалтиран, извршено е проширување на сите кривини и изведен е потпорен ѕид во должина од 60 метри. Просечната ширина на коловозот е околу шест метри...

Манастирот „Св. Јован Бигорски“ од денеска ќе биде поврзан со обновен пат до регионалната делница Маврово- Дебар. Станува збор за рехабилитација и реконструкција на локален пат во должина од околу еден километар.

Патот е асфалтиран, извршено е проширување на сите кривини и изведен е потпорен ѕид во должина од 60 метри. Просечната ширина на коловозот е околу шест метри.

Инвестицијата за градежните работи е направена преку заем од Европската банка за обнова и развој, во вредност од 9 милиони денари.

Патот денеска свечено ќе го пуштат во употреба вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски.

Вчера почна реконструкцијата на свлечиштето кај Беличкиот канал по Мавровската брана. Овој проект од 76 милиони денари ќе биде завршен во февруари наредната година.