Во Белград формиран Македонски бизнис клуб
Во Србија формиран е Македонски бизнис клуб, асоцијација на македонските стопанственици во Србија …

Во Белград формиран е Македонски бизнис клуб, асоцијација на македонските бизнисмени и македонските фирми кои работат во Србија. Поводот за формирање на клубот е поврзување на бизнисмените, дипломатите и институциите заради зајакнување на деловната соработка меѓу Македонија и Србија.
Претседател на Македонскиот бизнис клуб е бизнисменот Јане Честовалиев од „4Upharma“. Формирањето на еснафската организација на македонските бизнисмени во Србија беше поддржана од македонската амбасада во Белград.
Покрај претседателот Честовалиев во Управниот одбор се Игор Петров од „Алкалоид“ и Милорад Крстиќевски од „Бритиш тобако“, а генерален секретар е Столе Змејковски од „Цептер“.
Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ
