Ден на Европа и Ден на победата над фашизмот
Македонија го одбележува 9-ти мај, Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. Оддадена почит на борците на народно-ослободителната војна, испратена порака дека местото на Македонија е во Европската унија и оти Брисел треба да не оценува по сработеното...

Се потсетуваме на придонесот на Македонија во антифашистичката борба со оддавање почит на загинатите борци. На спомен-обележјето на партизанските гробишта во Бутел, оддадена почит на оние кои се вградија во нашата слобода.
9-ти мај е и денот на Европа во сеќавање на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година како прв чекор за формирање на Европската унија. Македонија сака да стане дел од европското семејство, повик до Брисел да не вреднува по сработеното.
Денот на победата и Денот на Европа се датуми на коишто си спомнуваме никогаш да не се повтори злото од Втората Светска Војна и се истакнуваат заложбите за слобода, демократија и мир.
Ирина Гелевска
