Земјотрес го погоди главниот град на Еквадор
Најмалку две лица загинаа а осум се ранети во земјотрес со сила од 5,1 степен според Рихтер којшто го погоди главниот град на Еквадор, Кито. Епицентарот на потресот бил на на околу 22,5 километри североисточно од Кито.
„Денеска имавме земјотрес со сила од 5,1 степен на рихтеровата скала, којшто се случи на длабочина од околу 5 километри и треаеше 45 секунди“, изјави Маурисио Родас, градоначалник на Кито.

Од силата на земјотресот се треселе зградите, а биле предизвикани и свлечишта во повеќе области, поради што се затворени повеќе главни патишта. Спасувачките тимови ги пребаруваат урнатините.