Анализа

Што носи изборот на новиот папа?

09.05.2025 12:25

Што знаеме за новиот папа? Говори седум јазици, го сака тенисот, важи за умерен прагматичар кој беше близок до неговиот претходник Франциск. Оценката е дека Ватикан се одлучил за континуитет…

Не беше на листата и затоа може да се смета за изненадување изборот на папата Лав Четиринаесетти.

Според аналитичарот и добар познавач на католичката црква, Кајтази, папата Лав 14 несомнено ќе продолжи по стапките и поставените стандарди на неговиот претходник папата Франциск. Самиот избор на името, по папата Лав Тринаесетти кој уште пред еден век размислувал за улогата на црквата во модерниот свет и бил прв кој се залагал за правата на работниците, веќе покажува дека новоизбраниот нема да ја напушти грижата за работникот, за угнетениот, за маргинализираните и за малтретираните.

Нашиот соговорник верува дека новоизбраниот папа ќе продолжи со напорите за смирување на воените конфликти во светот и за воспоставување мир за запирање на страдањата на луѓето.

Папата лав четиринаесетти раководеше со Дикастериот и му ги подготви на претходникот, кандидатите за бискупи при што за првпат ги вклучи и жените во тој процес што беше една од револуционерните постапки во католичката црква.

Фиљана Кока