„Ди Пресе“: Самарас и национализмот
Груевски за виенски „Ди Пресе“: Самарас игра на картата на национализмот !
Македонскиот премиер Никола Груевски во интервју за виенскиот дневник „ Ди Пресе“, изјавува дека грчкиот премиер Андонис Самарас игра на картата на национализмот и сака да го торпедира приближувањето на Македонија во ЕУ.
„Тој е творецот на проблемите. Од 1991- та заедно со тогашниот премиер Константин Мицотакис оваа тема ја ставија на тапет, пред тоа немало никаков спор за името. Самарас целокупната негова кариера ја изградил на националистичка реторика и конфликт со Македонија“, го критикуваше Груевски грчкиот колега во интервјуто за виенски „ Ди Пресе“.
Груевски вели дека Самарас, како министер за култура во 2008-та, грчката стратегија ја објаснил на тој начин што Атина мора да го одложи решавањето се додека Македонија не се распадне и не биде присвоена од нејзините соседи. Денес, според Груевски, Самарас користи поинаков речник, но неговите ставови се непроменети.
Прашан дали тоа значи дека нема компромис се додека Самарас е на власт, премиерот Груевски во интервјуто за виенски „ Ди Пресе“ одговара: „ Во тој случај Македонија ќе мора да ги прифати сите грчки барања, што не значи компромис“.
