Економија

Цените на производите постојано варираат

09.05.2025 16:58

За граѓаните скапо, за трговците нема големи промени. Продавачите на зеленчук и овошје крајот не може да го фатат-набавните цени варираат. Инспекторатот будно ќе следи…

Цените на производите варираат. Некаде со помало, на друго место со драстични зголемувања, велат граѓаните. Основните продукти мора да се купат, ама за овошјето, купувачите трипати се премислуваат. Ваква е сликата и во маркетите и на зелениот пазар.

Трговците не сакаат многу да анализираат. Само дека понудата им диктира ценовник.

Продавачите на зелениот пазар велат – не може да се предвиди наредниот ценовен период иако стигнува производната сезона. Зависноста од увоз прави брзи ценовни скокови.

Од економија постојано потсетуваат – инспекторатот будно ја следи состојбата. Секое драстично зголемување на цените ќе се казнува. Граѓаните со секојдневни пресметки при купувањето и неизвесноста – колку ќе чини следното пазарење.

 

Елизабета Митреска