За термини се чека на ред, додека опрема вредна милиони евра стои неупотребена
Последниот извештај на државниот ревизор, кој покажа дека медицинска опрема вредна милиони евра е оставена да скапува го вклучува алармот во здравство. Надлежните најавуваат решение. Матичните, пак, предупредуваат дека напливот на пациенти е голем, ама прегледите нема каде да ги направат, освен на приватно...

Ние ги бориме таблетките за месечна терапија, внимаваме на колку дијагностички процедури ќе го пуштиме пациентот, а од друга страна се одлеваат пари, а пациентите немаат никаков бенефит, вели матичниот лекар Анкица Станоевска. Објаснува дека револтот и кај нив и кај пациентите е оправдан бидејќи новите апарати кои овозможуваат подобра дијагностика и третман не се во функција.
Во моментот на пример ако некој има потреба да сними половината на пример во јуни ќе може да направи снимка во поликлиниката „Јане Сандански“, ехо на абдомен во Скопје термини нема ни месецов и следниот.
На граѓаните им се запира од плата за здравствено осигурување, но кога имаат мака и треба да чекаат еден месец за преглед и еден месец за резултатите одат во приватните здравствени установи.
Додека пациентите со месеци чекаат термини за дијагностика опрема вредна 18 милиони евра стои неупотребена или делумно се користи.
Наташа Јанчиќ - Менковски
