Прилеп

Цената на јунешкото месо расте, намален добиточниот фонд

10.05.2025 13:30

Цената на јунешкото месо вртоглаво расте. Сточарите бараат откуп во државата, а не увоз на замрзнато месо. Драстично опаѓа добиточниот фонд. Големите производители велат-побарувачката е поголема од понудата, а храната е скапа. Граѓаните се внимателни пред месарниците …

Спасе Чакревски од мариовско Витолиште годишно има 30-тина говеда за товење. Ги продава жива мера за извоз, зашто кланиците не откупуваат оти, вели, поевтино им е да увезат замрзнато месо. Има објаснување зошто јунешкото во месарниците е преку 700 па до 900 денари.

Според големите производители, во земјите од ЕУ има болести шап и лигавка, па побарувачката е поголема од понудата. А суровините за исхрана имаат берзантски цени и постојано растат.

Одгледувачите на добиток сакаат да помогне државата. Да имаат откуп во кланиците, оти драстичниот пад на добиточниот фонд ги зголемува цените.

Граѓаните се внимателни во месарниците.

Јунешкото месо останува со солена цена за трпезата.

Елизабета Митреска