СЗО одобри употреба на експериментални лекови против Ебола
Експерикменталниот лек Змап кој никогаш порано не бил тестиран на луѓе, им беше даден на двајца Американци и еден шпански свештеник којшто подоцна почина...

Светската здравствена организација (СЗО) ја одобри употребата на експериментални лекови за борба против смртоносниот вирус Ебола, од којшто досега умреа повеќе од илјада луѓе.
Експерикменталниот лек Змап кој никогаш порано не бил тестиран на луѓе, им беше даден на двајца Американци и еден шпански свештеник којшто подоцна почина.
Во Србија, пак, 14 лица коишто допатувале од африкански држави се под надзор. Од Институтот Батут соопштија тоа е стандардна процедура и сите луѓе кои доаѓаат од загрозени подрачја на аеродромот, минуваат низ контрола на санитарна инспекција.
И во Албанија се приведени 40 имигранти, од кои петмина имаат симптоми на овој смртоносен вирус.
