Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди
10.05.2025 09:26
Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 13 степени, а максимумот од 15 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
