Европските лидери Макрон, Мерц, Стармер и Туск во посета на Киев
Европските лидери Макрон, Мерц, Стармер и Туск се во Киев. Се интензивираат повиците Русија да се согласи на прекин на огнот и да седне на преговарачка маса. Во текот на денот треба да одржат и виртуелен состанок заедно со Зеленски...

Европските лидери Макрон, Мерц, Стармер и Туск се во Киев. Се интензивираат повиците Русија да се согласи на прекин на огнот и да седне на преговарачка маса. Во заедничка изјава објавена пред нивното пристигнување рекоа дека „ќе заминат во Киев во солидарност со Украина“. Во фокусот на средбата ќе биде повикот на целосно и безусловно 30-дневно примирје, првично предложено од САД во март, за кое велат дека ќе овозможат разговори за траен мир. Положија цвеќе на импровизираниот споменик на паднатите украински војници на плоштадот. Макрон изјави дека Украинците се спротивставуваат со „неверојатна храброст“ за својата земја.
„Нашата реакција мора да биде колективна. Украина се спротивставува со неверојатна храброст за својата земја“, безбедноста на целиот континент е загрозена со војната во Украина“, изјави Емануел Макрон – претседател на Франција.
Лидерите на Франција, Германија и Велика Британија пристигнаа во Киев со воз. Во текот на денот треба да одржат и виртуелен состанок заедно со Зеленски за да ги информираат и другите европски челници за напредокот што се постигнува за идната таканаречена „коалиција на добронамерните“ што би им помогнала на украинските вооружени сили по мировниот договор, да распредели трупи во Украина за да го контролираат секој иден мировен договор со Русија.
Наташа Гркова Петрушевска
