панел- дискусија

Патот на Северна Македонија до ЕУ: Предизвици и можности во 2025

10.05.2025 15:14

Патот кон ЕУ е отворен, останува уште одржувањето на втората меѓувладина конференција-вели австрискиот амбасадор Мартин Памер...

Новата Влада постави црвена линија, тоа е нашиот македонски идентитет, кој нема да дозволиме да биде обременет со билатерализација, порача заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков на панел дискусијата „Патот на Северна Македонија до ЕУ: Предизвици и можности во 2025“. Трајков уверува дека Владата посветено работи на спроведување на реформскиот процес, дека се користат сите капацитети и дека Европа тоа го препознава. Потврда за тоа е првата транша од Европскиот план за развој.

Патот кон ЕУ е отворен, останува уште одржувањето на втората меѓувладина конференција-вели австрискиот амбасадор Мартин Памер. Според него, премногу акцент се става на компромисот, а многу помалку на тоа што технички се работи. Памер смета дека прашањето за уставните измени може да се надмине со заедничка волја. Вели дека ЕУ ја има нотирано посветеноста на Владата, на граѓаните им порачува оптимизам и доверба.

Претседател на Меѓународниот одбор на Академијата за европска интеграција Габриел Лански, посочи дека остануваат фокусирани на развојот на владеење на правото во земјава и регионот.

 

Марина Стојанова-Тонева