Здравство

Се одбележува неделата на сестринството

10.05.2025 16:59

Бројот на медицински сестри и акушерки во земјава е сè помал, а предизвиците во работата и бројот на пациенти сè поголем. Тие бараат да бидат заштитени како здравствени работници но и да се инвестира во професијата, за таа да има иднина и одговори на барањата на болните …

Заштите ја, инвестирајте во сестринската и акушерската професија, е порака која беше испратена од централната прослава на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки, одржана во Велес. Беше побарано итно да се подобри благосостојбата на овие здравствени работници кои ги има се помалку.

Потребно е да се поддржи напредокот на медицинските сестри во кариерата, од општа до специјалист и сестра со напредна пракса. И најблагодарната струка, акушерките кои на свет ги носат идните поколенија, се судруваат со идентичен проблем, се помалку кадар.

Ценете ги, штитете ги, почитувајте ги и инвестирајте во сестрите и акушерките, за иднина на здравствениот систем е пораката која беше испратена од Велес.

На свеченоста признанија добија и повеќе здравствени институции кои покажале висока одговорност, професионалност во давањето помош во првите моменти по пожарот во дискотеката во Кочани.

Петар Печков