Баријатриски интервенции на Дигестивна хирургија
Месецов се закажани четири интервенции намалување на желудник. Првата баријатриска интервенција беше направена на Клиниката за дигестивна хирургија пред месец и половина. Нема листа на чекање вели првиот човек на клиниката Костовски. Од Фондот за здравство обезбедни се пари за 40 пациенти и тие ќе бидат оперирани на сметка на државата, но претходно треба да поминат третман во некој од двата центри за менаџирање на дебелина...

Со 25 килограми помалку работите се полесни, станувањето, движењето, секојдневието има неверојатна леснотија, вели нашиот соговорник на кој пред шест недели му е намален желудникот.
Не можејќи порано да го изменаџира гладот имал 145 килограми. Тој е првиот пациент на кој му е направена баријатриска интервенција на Клиниката за дигестивна хирургија.
Но она што не смее да се исклучи е почитувањето на пропишаниот протокол на Фондот за здравство. Тие што имаат потреба да ослабнат повеќе од 20 килограми се препорачува баријатриска интервенција, но само ако не можеле да ги намалат килограмите на друг начин.
Жените повеќе имаат потреба да ослабнат од здравствени причини, но има и мажи кои го споделуваат истиот проблем.
Колку човек ќе остане фит, зависи од дисциплината. Нашиот соговорник со порака – сите треба да создадеме навика за култура во исхраната и здравиот начин на живот.
Наташа Јанчиќ-Менковски
