Ватикан

Во Рим засилени безбедносни мерки за инаугурацијата на папата Лав 14

10.05.2025 18:18

Полицајцитe ќе имаат специјализиран персонал за придружба и јавен ред, снајперисти, нуркачи, воздушна поддршка од военото воздухопловство и системи за спречување на дронови...

Повеќе од 5.000 полицајци ќе бидат распоредени во Рим за инаугурацијата на папата Лав 14 на 18-ти мај. Полицајцитe ќе имаат специјализиран персонал за придружба и јавен ред, снајперисти, нуркачи, воздушна поддршка од военото воздухопловство и системи за спречување на дронови.

Ист број полицајци биле ангажирани и на неодамнешниот погреб на папата Франциск. На церемонијата на интронизација на понтифот се очекуваат голем број верници.