Македонија

Започна уписот на првачиња, бројот е помал од лани

11.05.2025 14:06

Од година во година се намалува бројот на првачиња во велешко, годинава ќе ги има за стотина помлаку од лани. Започна уписот за учениците во прво одделение, годинава со стриктни почитување на реонизацијата, да не се случува децата да одат на школо од еден во друг крај на градот. Процесот на упис може да го оддолжи тоа што во велешка болница нема очен лекар …

Уписот на идните првачиња започна од 2 мај и ќе трае до 30 мај. Од годинава посебно ќе се почитува реонизацијата. Нема да се дозволи префрлање на ученици од цел град, кон ОУ „Блаже Конески“ или ОУ „Св. Кирил и Методиј“ што изминатите години беше редовна појава и трка на родителите по место за нивните деца во овие две школи.

За упис потребен и извод од матична книга на родени за детето ученик, лична карта од родител/старател, здравствени белешки за извршен систематски преглед со вакцинација, картон со извршена вакцинација, потврда за извршен офталмолошки и стоматолошки преглед. Проблем што се јави е што засега нема очен лекар во велешка болница, што може да го оддолжи процесот оти треба да се прегледаат 630 деца, освен од велешко и од градско и чашка.

На територијата на Општина Велес има седум основни училишта и според списокот на МВР, деца родени во 2019 кој треба да се упишат во прво одделение се 556.

Петар Печков