Македонија

Крушево – лулка на биатлонот и алтернативниот туризам

11.05.2025 15:32

Крушево подготвено за туристичката сезона на алтернативни спортови. Но останува и лулка на биатлонот како спортска дисциплина. Викендов ги собра балканските федерации на меѓународна конференција. Вложувањето во инфраструктурата е клучно за туристичкиот и спортски развој на Крушево …

Алтернативни и класични спортови, услови за спортски тренинзи. Крушево се етаблира како дестинација на алтернативниот туризам, но и како лулка на биатлонот. Викендов на балканска конференција ги собра федерациите на 9 земји.

Надградбата на инфраструктурата во Крушево е пресудна за успешен спорт и за спортскиот туризам.

Државата ветува финансиска и секаков вид поддршка.

Крушево ја почнува летната сезона на алтернативниот туризам, најбројни се светските и европски купови и параглајдерски првенства. Почнуваат наредниот месец, а најинтензивни ќе бидат во јули и август.

Елизабета Митреска