Влада

Премиерот Мицкоски на увид на изградба на детска градинка во Инџиково

11.05.2025 09:11

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на проектот изградба на детска градинка во населено место Инџиково, во Општина Гази Баба...

Претседателот на Владата  Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на проектот изградба на детска градинка во населено место Инџиково, во Општина Гази Баба.

Како што соопшти владината прес-служба, вкупна вредност на проектот е 47.508.811 денари, обезбедени од страна на Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Целиот објект е на површина од 490 метри квадратни, приземјен објект со висина од три метри. Во овој објект ќе бидат згрижени 36 деца над 2 години и 12 деца до 2 години, стои во соопштението.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.