Зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој
Во Градскиот парк инклузивен настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој. Организаторите со порака – потребно е нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството...

И децата со атипичен развој сакаат да играат, да се смеат, сакаат да покажат дека и тие знаат и умеат да пеат и танцуваат. Сакаат да бидат поканети на родендени, но и другите деца да доаѓаат на нивните. Од Здружението за аутизам испратија порака – да се зголеми свесноста за лицата со атипичен развој и нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството.
Градскиот парк претворен во голема игротека со разновидни игри, работилници, едукативно, музичко, ликовно катче за децата со атипичен развој. Преку игра учеа како да ги надминат стравовите од непознатото.
Инклузивниот настан „Гуш и бац е љубов“ има за цел да ја подигне свеста кај граѓаните, за да сфатат дека секое дете на оваа планета има право да биде вклучено во општеството и да прима љубов како и секое друго дете, без разлика дали има било каков инвалидитет или некоја попреченост.
Александра Спировска
